Нелт го поддржа Чеп фест во Белград

Nelt avatar Nelt 23.03.2019.

Одржа се семејната инклузивна манифестација “Чеп Фест” во организација на здружението Чеп за хендикеп.

На белградскиот пазар, на 23 март, се одржа семејната инклузивна манифестација Чеп Фест, во организација на здружението Чеп за хендикеп.

 

Фестивалот настана со цел поврзување на собирачите на тапи и корисниците на ортопедски помагала. Во соработка со повеќе од 20 партнерски организации реализирани се различни едукативни содржини, натпревари во рециклирање, еколошки активности и активности за деца. Во рамки на настанот организиран е и мини саем на кој беа претставени здруженијата за лица со посебни потреби. Посетителите имаа можност на настанот да донесат тапи, па така само во текот на оваа сабота се собрани 500 kg тапи.

 

Поддршка на манифестацијата ѝ пружи и компанијата Нелт, со донација на производи за пакетчињата за најмладите учесници во програмата.

 

Здружението Чеп за хендикеп веќе седма година во соработка со бројни организации и поединци успешно ја реализира филантропско-еколошката иницијатива на собирање тапи со чија рециклажа се набавуваат ортопедски помагала. Компанијата Нелт соработува со здружението Чеп за хендикеп од ноември, 2015 година.