Нелт го поддржува образованите на студентите на белградските факултети

Nelt avatar Nelt 24.03.2015.

ЕДНОГОДИШНА ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ВО СОРАБОТКА СО ГАЛЕРИЈАТА G12 HUB.

Нашата компанија во соработка со Галеријата 12 Hub (G12 HUB) започна едногодишна програма под името „Интердисциплинарна соработка како потенцијал за развој на младите професионалци на полето на уметноста, науката и новите технологии“.

Програмата започна во јуни 2014 година за триесет студенти од шест факултети во Белград, а во рамките на истата е потпишан и официјален протокол за соработка со шест факултети – Факултет за применети уметности, Електротехнички факултет, Факултет за драмски уметности, Факултет за ликовни уметности, Факултет за медиуми и комуникации и Архитектонски факултет.

Програмата се состои од серија предавања, работилници, но и стручни посети на институциите и компаниите како и гостувања на уметници, програмери и успешни деловни луѓе и теоретичари како од Србија, така и од странство.