Нелт донираше 40.000 КМ на институции во Босна и Херцеговина

Nelt Group avatar Nelt Group 13.04.2020.

Компанијата Нелт донираше 40.000 КМ на институции и установи во Босна и Херцеговина со цел справување со пандемијата на коронавирус.

“Во време кога здравствениот систем се соочува со посебни предизвици,  Нелт Група  помага на секоја од земјите во кои работи на цел Западен Балкан, вклучувајќи ја и  Босна и Херцеговина. Се надеваме дека нашите парични донации и производи ќе помогнат во оваа важна борба”,  изјави Горан Церовина, Извршен Директор  на Нелт за БиХ.