Нелт на Оригинални разговори

Nelt avatar Nelt 25.02.2019.

Нелт и оваа година беше учесник на конференцијата „Оригинални разговори“ во организација на списанието „Оригинал“ на фондацијата Ѓоковиќ. Оваа млада, еднодневна конференција е организирана по втор пат како можност за младите да добијат одговор на прашањата – како да аплицирате за посакуваната работа, како да се подготвите за интервју, кои професии се професии на иднината и што бара пазарот.

 

Настанот го сочинуваа предавањата, од една страна, и разговорот со пријавените млади лица на возраст помеѓу 22 и 30 години, од друга страна.

 

Од нашата компанија учествуваа колешките Ивана Идеи Тодориќ и Милица Достаниќ од секторот за човечки ресурси. „На кандидатите им пруживме искуство на вистински разговор за вработување. Некои од нив дури и ќе ги повикавме на интервју за потенцијално вработување или пракса кај нас“, вели Ивана.

 

Меѓу бројните предавачи се најдоа и Весна Дамњановиќ (Belgrade Business International Case Competition), Славимир Стојановиќ (дизајнер, уметник, писател) и Немања Ѓорѓевиќ (Иницијатива Дигитална Србија).

Магазинот „Оригинал“ е проект на фондацијата Новак Ѓоковиќ, кој настана во 2015 година со желба да се зајакнат храбрите, креативни и јаки поединци, идните лидери и доносители на одлуки, да се поддржат смелите претприемачи и иноватори, да се промовираат позитивните примери на остварените деловни луѓе и да се збогати заедницата со нови сознанија.