Нелт со донација од 20.000 евра и 1.700 визири помага во справувањето со Kовид-19

Nelt Group avatar Nelt Group 16.04.2020.

„Свесни сме за предизвикот со кој се соочуваме сите.”

Компaнијата Нелт донираше 20 000 евра за помош на здравствените работници во борбата со корона вирусот. Паричните средства беа уплатени на посебнатадонаторска  сметка што ја отвори Министерството за здравство за донации од компаниите, чија намена ќе биде помош во справување со заканата по јавното здравје произлезена од ширењето на вирусот ковид-19.

Дополнително, обезбедени се 1700 визири кои во наредните денови ќе бидат бидат дистрибуирани и поделени на вработените од продажните објекти кои ги снабдува Нелт.

„Свесни сме за предизвикот со кој се соочуваме сите, а најголемиот товар секако е на здравствените работници, затоа Нелт Група обезбеди донации во сите земји на Западен Балкан. Дополнително во Македонија ќе донираме и 1700 визири за вработените во продажните објекти кои ги снабдуваме – изјави Зоран Стојчевски, генерален директор на Нелт- СТ – Скопје.

Од Нелт информираат дека се фокусирани на континуирано снабдување на населението со неопходните намирници со цел што е можно полесно да се преброди целата ситуација. Секојдневното доставување на производи до продажните објекти се одвива стабилно, континуирано и непречено.

-Постојано ги следиме упатствата и мерките на надлежните со цел да се прилагодиме на најдобрите пракси кои покажуваат успех во справувањето со вирусот и го успоруваат неговото ширење. Искрената грижа за здравјето и безбедноста на сите наши вработени, купувачи и деловни партнери е наш приоритет и затоа веднаш презедовме заштитни мерки, во секојдневните деловни активности, кон кои континуирано се придржуваме – истакнуваат од Нелт.