Позитивни резултати од рециклажата

Nelt avatar Nelt 24.01.2020.

Во Nelt секојдневно се собира амбалажен отпад.

Истовремено се работи на негово отстанување преку овластениот оператор Sekopak. На овој начин ја заштитуваме животната средина затоа што помалото количество отпад кое завршува на депониите значи и намалено количество емисија на CO2.

Oд 2016 година, од кога ја почнавме соработката со компанијата Sekopak, вработените во Nelt активно покажуваат подготвеност и желба да учествуваат во раздвојувањето на амбалажниот отпад. Oбележаните места за сепарација на отпад во канцелариските и другите простории на Nelt во Србија овозможуваат собраниот картон, хартија, пет амбалажа, метал и стакло да се одвојат од другите отпадоци што не може да се рециклира.

Како резултат на оваа тригодишна практика вкупно се собрани и поделени:

28.350 kg бела хартија
1.600 kg PET aмбалажи
112 kg aлуминиумски лименки
30 kg стакло

На овој начин класифицираниот отпад, заедно со амбалажниот отпад, создадени во процесот на работа на складиштата се собира и пресува во еко дворот, поставен до Хала 2 во ЦДЛЦ Добановци.