Сертификат за придонес во намалувањето на емисијата на CO2

Nelt Group avatar Nelt Group 18.12.2019.

Nelt во 2018 година оствари исклучителен придонес.

Преку систематско управување со амбалажниот отпад, преку овластениот оператор Sekopak, Nelt во 2018 година оствари исклучителен придонес, обезбедувајќи повторно искористување на 2.257,62 тони од овој отпад.

„Тоа е зголемување за 1.000 тони во однос на претходната година. На овој начин директно влијаевме на намалување на количеството на амбалажниот отпад кој завршува на депониите, а со тоа и на намалување на емисијата на СО2 за 415 тони.“ изјави Нада Стаматовиќ од секоторот за комуникација на Nelt Група на настанот за време на кој на компаниите им беа доделени сертификати.

Покрај систематско управување со тековите на отпад, сите вработени во Nelt придонесуваат за зачувување на животната средина – од вработените во магацините, кои собираат и одвојуваат отпад при подготовка на стоките за дистрибуција, до вработените во канцелариите кои ги користат поставените сепаратори во зградите и островите за рециклирање поставени на локациите на центрите за дистрибуција и логистика на Nelt во Добановци, Ниш, Нови Сад и Краљево. На овој начин класифицираниот отпад, заедно со амбалажниот отпад создаден од процесите на работа на магацините, се собира и се пресува во еко-дворот, поставен веднаш до Хала 2 во Добановци.