Студентите на НЕП во традиционална посета

Nelt avatar Nelt 10.05.2019.

Студентите од четвртата генерација на едукативната програма на Нелт продолжуваат да ја откриваат другата страна на знаењето, како што е и најавено со овогодишниот програмски слоган. Традиционалната посета на компанијата Нелт е одржана на 10 мај.

Претставниците на компанијата Нелт ги пречекаа младите студенти на NEP4 и за нив подготвија информативни и едукативни презентации, со посета на компанијата во Добановци. Добредојде им посака Марко Миланковиќ со презентација за работењето и со посебен осврт на визијата и компаниските вредности.

Во согласност со интересите на групата, организирани се две тематски презентации, од кои едната се однесуваше на комуникациските активности на Групацијата, со акцент на официјалните дигитални канали, а другата на активностите на Нелт со цел зачувување на животната средина, како во доменот на рециклажата, така и во доменот на контролираната емисија на гасови. Пред посетата на магацините и интермодалниот терминал, организирана е симулација на разговор за работа. Во таа пригода учесниците од прва рака добија корисни совети и увид во тоа како треба да изгледа успешно интервју.

Едукативната програма на Нелт е започната во 2014 година како резултат на соработката на компаниите Nelt, Nova Iskra и Galerija 12 Hub. До денес, околу 70 студенти успешно ја завршија оваа едукативна програма.