Традиционална екскурзија за учесниците на Едукативната програма Нелт

Nelt avatar Nelt 26.06.2019.

Како секое лето во последните четири години, така и ова организиравме целодневна екскурзија за учесниците на четвртата генерација на НЕП. Студенти од различни факултети кои ја формираат овогодинешната група на едукативната програма на Нелт поминаа еден ден во Бановци, во близина на Белград и го посетија Музејот и Магацин „Мацура“.

По посетата на музејот на нашиот познат колекционер на современа уметност, Владимир Мацура, учесниците го продолжија дружењето во дворот на Магацинот „Мацура“, сместен на крајбрежјето на Дунав. Презентациите на проектите на учесниците ги модерираа Нана Раденковиќ од Нова Искра и Милица Пеќиќ од Галерија 12 Хуб, на кои и оваа година им припадна улогата на ментори.

Претставените проекти се однесуваат на значајни социјални теми, како што се заштита на животната средина и улогата на културата, медиумите и образовните институции во образованието. Пред самиот крај учесниците учествуваа во работилници преку кои дознаа нешто повеќе едни за други, но и за самите себеси. Екскурзијата воедно го означи и почетокот на летната програмска пауза.

Едукативната програма на Нелт започна во 2014 година како резултат на соработката помеѓу компанијата Нелт, Нова Искра и Галерија 12 Хуб. До денес, околу 70 учесници успешно ја завршија оваа едукативна програма.