20 ИЛЈАДИ ЕВРА НА НАЦИОНАЛНОТО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Nelt Group avatar Nelt Group 10.04.2020.

Neregelia и Montenomaks, компании на Nelt Група кои работат на црногорскиот пазар, на Националното координативно тело за заразни болести му донираа 20 илјади евра за борба против епидемијата на корона вирусот.

„Свесни сме за предизвиците кои се сега пред здравствените системи. Со оглед на тоа дека работиме на целиот Западен Балкан, ги определивме средствата за помош на сите здравствени системи, во секоја од земјите, вклучувајќи ја и Црна Гора“, соопшти Љиља Пижурица, Извршен директор на Nelt Група за пазарот на Црна Гора.

Снабдувањето и логистичките услуги, како додава, се од особена важност во овие моменти.

„Oстануваме фокусирани на снабдување на населението на сите пазари, на кои им се неопходни нашите производи, за да можат да ја надминат моменталната ситуација колку што е возможно поедноставно. Нашите магационери, доставувачи, курири, возачи, продавачи и излагачи на стока се секојдневно на терен, а сите работни процеси, со големи напори, стабилно функционираат. Сите интерни акти се усогласени со препораките на надлежните органи и со Светската здравствена организација, а особено се грижиме за вработените, кои со своето залагање во овој предизвикувачки момент, навистина се гордост на нашата компанија“, рекоа од Nelt Група.