Nelt Group донации за борба против вирусот корона

Nelt Group avatar Nelt Group 22.04.2020.

Oдговорно ги исполнуваме нашите обврски кон принципалите и заедниците во кои работиме.

Компанијата Nelt донираше 240.000 eвра во Републичкиот фонд за здравствено осигурување за набавка на 10 респиратори за лекување на најтешките форми на болеста Covid 19, додека Neoplanta, која работи во составот на Nelt Групата подари стока во вредност од 6.000.000 динари, како дел од пакетот за акција помош зa 173.000 Белграѓани постари од 65 години кои се со најниски пензии.

Една од нашите најуспешни приватни компании одговори на поканата од Стопанската комора на Србија и на нејзиниот претседател Марко Чадеж, и покажа солидарност во овие тешки денови исполнети со предизвици, како за нашата земја, така и за целиот свет.

„Ние им испраќаме целосна поддршка на медицинските работници во борбата против вирусот и ја почитуваме нивната посветеност со која се борат со пандемијата. Донацијата која им ја упативме е нашиот придонес за нивната посветеност, како и на сите граѓани на кои им е потребно, за да можеме сите заедно, како победници, да излеземе од оваа ситуација“, наведе Милош Јелиќ, извршен директор на Nelt Групата.

Во компанијата истакнуваат дека ова е oдлична можност да се споменат и сите оние прекрасни луѓе кои работат во доменот на дистрибуцијата и логистиката – доставувачи, работници во магацини, продавачи, излагачи на стока, возачи и многу други. Секој кој дава личен придонес во функционирањето на целиот систем за време на вонредна ситуација не смее да се заборави и мора да биде пофален.

Претседателот на СКС изрази голема благодарност и до сите компании кои учествуваа во акцијата на Стопанската комора на Србија и Град Белград за обезбедување на пакети за пензионери, како и до сите стопанственици кои уплатија пари преку сметки за други потреби и ја повика економијата да продолжи да ја покажува својата солидарност на дело.

Neregelia и Montenomaks, компании на Nelt Група кои работат на црногорскиот пазар, на Националното координативно тело за заразни болести му донираа 20 илјади евра за борба против епидемијата на корона вирусот.

„Свесни сме за предизвиците кои се сега пред здравствените системи. Со оглед на тоа дека работиме на целиот Западен Балкан, ги определивме средствата за помош на сите здравствени системи, во секоја од земјите, вклучувајќи ја и Црна Гора“, соопшти Љиља Пижурица, Извршен директор на Nelt Група за пазарот на Црна Гора.

Снабдувањето и логистичките услуги, како додава, се од особена важност во овие моменти.

„Oстануваме фокусирани на снабдување на населението на сите пазари, на кои им се неопходни нашите производи, за да можат да ја надминат моменталната ситуација колку што е возможно поедноставно. Нашите магационери, доставувачи, курири, возачи, продавачи и излагачи на стока се секојдневно на терен, а сите работни процеси, со големи напори, стабилно функционираат. Сите интерни акти се усогласени со препораките на надлежните органи и со Светската здравствена организација, а особено се грижиме за вработените, кои со своето залагање во овој предизвикувачки момент, навистина се гордост на нашата компанија“, рекоа од Nelt Група.

Компанијата Нелт донираше 40.000 КМ на институции и установи во Босна и Херцеговина со цел справување со пандемијата на коронавирус.

“Во време кога здравствениот систем се соочува со посебни предизвици,  Нелт Група  помага на секоја од земјите во кои работи на цел Западен Балкан, вклучувајќи ја и  Босна и Херцеговина. Се надеваме дека нашите парични донации и производи ќе помогнат во оваа важна борба”,  изјави Горан Церовина, Извршен Директор  на Нелт за БиХ.

Компaнијата Нелт донираше 20 000 евра за помош на здравствените работници во борбата со корона вирусот. Паричните средства беа уплатени на посебнатадонаторска  сметка што ја отвори Министерството за здравство за донации од компаниите, чија намена ќе биде помош во справување со заканата по јавното здравје произлезена од ширењето на вирусот ковид-19.

Дополнително, обезбедени се 1700 визири кои во наредните денови ќе бидат бидат дистрибуирани и поделени на вработените од продажните објекти кои ги снабдува Нелт.

„Свесни сме за предизвикот со кој се соочуваме сите, а најголемиот товар секако е на здравствените работници, затоа Нелт Група обезбеди донации во сите земји на Западен Балкан. Дополнително во Македонија ќе донираме и 1700 визири за вработените во продажните објекти кои ги снабдуваме – изјави Зоран Стојчевски, генерален директор на Нелт- СТ – Скопје.