Young leaders in change

Nelt avatar Nelt 27.03.2019.

Учесниците од шестата генерација поблиску се запознаа со работата на компанијата преку одржани презентации, работилници…

Нелт традиционално ги пречека учесниците во програмата „AmChamps – Young leaders in change“ во својот деловен комплекс во Добановци. Учесниците од шестата генерација поблиску се запознаа со работата на компанијата преку одржани презентации, работилници, посета на складиштата и интермодалниот терминал.

 

Посетата остави посебен впечаток на студентите поради големината на инфраструктурата, сложеноста на процесот и технологијата која се користи. Посебно внимание привлекоа контејнерскиот терминал, овоштарниците и виновите насади во ЦДЛД. Целодневната посета на компанијата Нелт, како што заклучија посетителите, беше најкорисна и најдобро организирана посета на една компанија досега.

 

Да потсетиме, „AmChamps – Young leaders in change“ е единствен проект на Американската стопанска комора кој е осмислен на таков начин да ги поврзе студентите од една страна и младите менаџери на компаниите членки од друга страна, со цел развој на младите.