Интермодален терминал

Интермодалниот терминал на Нелт се наоѓа во централниот дистрибутивно-логистички центар во Добановци. Терминалот со пруга е поврзан со сите европски пристаништа и копнени терминали. Автопатот E-75 и E-70 се вкрстуваат на растојание од 6 километри од терминалот, додека аеродромот Никола Тесла е оддалечен 10 km.

Со интермодалниот транспорт овозможено е економично, ефикасно и еколошки одржливо глобално движење на сите видови на стоки. Отворен е за сите актери на пазарот во увозните, транзитни и извозни текови од бродарски куќи и железнички оператори, преку логистичари, шпедитерски куќи до производители, сопственици на брендови и други дистрибутери.