Одржливо работење

Стратешкиот пристап за одржливост и развој, Nelt Групата го заснова на етичкото работење на сите компании и стремежот да придонесе за создавање на подобро опкружување за вработените, партнерите и за пошироката заедница, со остварување на добри деловни резултати и високо ниво на одговорност за животната средина. Откако стана членка на Глобалниот договор на Обединетите нации, Групата дополнително се обврза да ги почитува принципите на одговорно работење.

Паралелно со дефинирањето на основните правци за развој и организација на работењето, поставувањето на стратешки приоритети и земањето предвид на влијанието на своето работење, Nelt Група е доследна на практиката за известување за одржливост, започната  од 2016 година. Со тоа се потпира на најрелевантната светска методологија за известување за одржливост, Global Reporting Initiative (GRI), што им овозможува на заинтересираните страни да добијат јасна слика за влијанието на една организација, со стандардни и прецизни показатели за успешност.

Извештаите можете да ги преземете  овде.