Општествена одговорност

Желбата за активен придонес кон локалната заедница е двигател на иницијативата во областа на корпоративната општествена одговорност на компанијата Нелт Група. Вложувањето во професионалниот развој на младите генерации, идните носители на напредокот на општеството, е основен мотив за дејствување, утврден со стратегијата на општествено одговорното работење во 2012 година.

Препознавајќи ја важноста на образованието за долгорочниот и одржлив развој на средините во кои работат, компаниите на Нелт Група иницираат и поддржуваат проекти кои имаат за цел запознавање на младите со современи знаења и мултидисциплинарни вештини, со цел да придонесат соодветно за развојот на модерното општество. Различните видови поддршка за ранливите социјални групи ја претставуваат втората, исклучително важна област на општествената одговорност на нашите компании. Посебно внимание им се посветува на децата на кои им е потребна грижа и поддршка во растењето.

Соработка со факултетите

Сите компании на Нелт Група соработуваат со високо образовните институции во земјите во кои работат, за да им помогнат на студентите да започнат со својата кариера што е можно подобро. На ова поле, се организираат предавања од гости на факултетите, но и посети од страна на студентите на компаниите на Нелт кои опфаќаат како информативни презентации за групата, така и едукативни содржини. На тој начин, студентите имаат можност да дознаат повеќе за вештините на продажба и преговарање, организациската култура, управување  со квалитет, итн. Целта на соработката е запознавање на студентите со успешното, модерно работење и со можностите за професионален развој во рамките на компанијата.

Соработка со уметнички факултетите

Проектот „10 од мермер“ им овозможи на студентите по вајарство со поддршка на компанијата Нелт и професорот Горан Чпајак, еден од најпознатите српски вајари, да ги направат своите први скулптури. Нивните дела и денес се изложени во рамките на Нелт во Добановци.

Видео

Нелт во Србија со години ја поддржува афирмацијата на најдобрите студенти на основни, мастер и докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Белград. Повеќе од  120 млади, кои се истакнале со своите успеси на домашната и меѓународната музичка сцена, до сега имаа можност да ѝ се претстават на белградската публика во рамките на циклусот концерти во Центарот за применета уметност „Guarnerius“.

Нелт едукативна програма

Интердисциплинарната едукативна програма за студенти од различни факултети се заснова врз принципите на соработка, тимска работа, дијалог, размена, отвореност и поврзување на различни знаења и капацитети. Предавачите и менторите се професионалци кои доаѓаат од локалниот, регионалниот и меѓународниот контекст и имаат искуство во полето на образованието, проектната работа и мултидисциплинарната работа. Од започнувањето во 2016 година, NEP се спроведува на годишно ниво, во организација на Нелт, Галерија  12 Хаб и Нова искра.

Нелт е добитник на престижната награда „Виртус“ на Фондацијата Траг, за долгорочно партнерство помеѓу деловниот и непрофитниот сектор за Нелт едукативната програма.

Повеќе

Поддршка на уметниците

Проектот „Wall Street by Nelt“ се создаде со идејата да се подобри работниот амбиент во Нелт, а во исто време на талентираните уметници да им се овозможи своите вештини да ги применат во конкретно деловно опкружување. Процесот на сликање на 10 мурали со димензии од 10 x 12 метри од страна на реномирани дизајнери и street art уметници траеше 6 месеци, а овие оригинални мурали и денес го разубавуваат Нелтовиот комплекс во Добановци.

Видео

Поддршка на изложбата „Пупин – oд физичка до духовна реалност“

Во Историскиот музеј на Србија, во текот на 2015/16, повеќе од 20.000 посетители и 150 училишни групи, ја посетија изложбата „Пупин – oд физичка до духовна реалност”, под покровителство на Министерството за култура и информации на Република Србија, со поддршка на компаниите Nelt и Телеком Србија а.д.

На изложбата беа претставени детството на Пупин, образовниот и пронаоѓачки пат, професорската работа, национално-политичките придонеси пред, во текот и по Големата војна, основањето и унапредувањето на најголемите институции за наука во Америка, многубројните добротворни цели, патенти, покровителство на уметноста и литературната работа крунисани со Пулицеровата награда „Од пасишта до научник”. Посетителите имаа можност да дознаат повеќе за неговото учество во основањето на NASА, зашто FBI ја следел неговата работа, како и за односот со Вудро Вилсон, Никола Тесла, Алберт Ајнштајн и со другите важни личности од тоа време.