Политика за квалитет и сертификати
Управувањето со квалитетот и донесувањето одлуки ги засноваме на проценки на ризик и процесниот пристап. Активностите се конципирани според PDCA (plan – do – check – act) циклусот, што значи дека се плански и дека ги следи анализа со предлози за унапредување. Имплементиравме систем за управување со ризици согласно ISSO 31000 меѓународниот стандард и ги сертифициравме имплементираните системи ISO: 9001 – за управување со квалитет, HACCP – за безбедност на храна, како и GDP – за примена на добра практика во дистрибуцијата на лекови. Сертификациите се реализирани од страна на водечките сертификациони тела во согласност со барањата на стандардите на меѓународната организација за стандардизација.