Добар старт

Добар старт е платена програма која започна во 2015 година со цел да им се овозможи на младите, просперитетни и амбициозни студенти и дипломирани студенти да ги развиваат своите деловни вештини и да се специјализираат за работа на позиција Key Account Manager. Програмата опфаќа работа на различни позиции во рамките на секторот за продажба, работа со ментори, учество на обуки и работилници. Запознавајќи се со различните нивоа на организација, учесниците осум месеци учат за специфичностите на секоја поединечна позиција, добиваат можност да се усовршуваат на позицијата која е предмет на нивното интересирање и стекнуваат поширока слика за вкупното функционирање на продажбата во големиот работен систем. До сега, по завршената програма, повеќе од 90% од учесниците добија шанса за постојано вработување во нашата компанија и денес се дел од продажниот тим на Нелт.

 

Teoдора Ѓорѓевиќ

Aсистент во програмата

„Јас сум асистент на Економскиот факултет во Белград, каде што и слушнав за оваа програма. Многу сум мотивирана да станам дел од тимот на Nelt. Работам со ментори во дивизијата која се занимава со продажба на производите на Neoplanta.“

Саша Стевановиќ

Aсистент за продажба

„Oваа програма овозможува да играш со „големите играчи“, да стоиш рамо до рамо со колегите за кои си слушал дека се најдобри во својата работа. Тоа што е најважно – секој од нив е доволно отворен, на располагање за секаква помош и несебично го пренесува знаењето.“

Mилица Чорлија

Специјалист за Trade Maркетинг

„Иако е продажбата генерално перцепирана како машка работа, во Nelt не постојат поделби. Tимскиот дух навистина е на високо ниво. Сите се колегијални и подготвени да помогнат.“

Mилош Себиќ

Meнаџер на продажба за клучни купувачи

„И понатаму сум вљубен во трговијата. Во Nelt сите процедури и процеси се на високо ниво, а тоа дополнително ме мотивираше да учам и да напредувам.“

Maрина Рацков

Планер на залихи

„Повратните информации кои ги добиваме од страна на менторите се непроценливи. Тука се да ни укажат на сè што е добро во нашата досегашна работа но и да ги подобрат нашите размислувања, однесувања и реагирања во некои ситуации.“

Joван Грујиќ

Супервизор на продажба

„Oваа програма за развој е вистински показател дека компанијата се грижи за луѓето. Преку дружењето со останатите учесници во програмата се стекнуваат вистински пријатели.“