Извршен комитет
Дарко Лукиќ
Генерален директор
Дарко ја презеде функцијата генерален директор на Нелт Груп во 2024 година, откако помина повеќе од три години како извршен потпретседател во компанијата. Дарко има долгогодишно искуство во корпоративното раководење на високи позиции. Во компанијата Coca-Cola Hellenic Bottling Company бил вклучен во стратешките проекти при канцеларијата на CEO, додека во компанијата Procter & Gamble повеќе од 11 години работел на неколку високи, групни менаџерски функции во финансиите.
Роберт Јеноваи
Потпретседател за пазарот на Србија
Денес, Роберт ја извршува функцијата извршен директор за пазрот на Србија. Кариерата во Нелт, Роберт ја започна 1997 година, во продажба, за набргу потоа, да стане генерален директор на Нерегелија во Црна Гора. Тој беше пионер во работењето на Нелт на африканскиот континент, по што го предводеше развојот на продажбата во Западен Балкан. Во периодот од 2020 до 2022 година, Роберт работеше како Извршен директор за човечки ресурси на Нелт Група. Дипломирал на Универзитетот Доба во Словенија.
Горан Церовина
Потпретседател за Адриа пазарот
Горан има дводецениско искуство во FMCG индустријата и е докажан професионалец и лидер. Неговата кариера започна во компанијата Orbitko. По аквизацијата од страна на Nelt, тој ги помина позициите супервизор за продажба, Preselling менаџер, менаџер за продажба, па сè до позицијата извршен директор, која успешно ја извршуваше до мај 2024 година. Активен е во друштвените иницијативи и е член на повеќе управни одбори.
Борис Мачак
Потпретседател за африканските пазари
Борис во компанијата е од 1997 година. За време на дваесетгодишната кариера во Нелт ги извршува најодговорните работи на позициите Генерален директор на компанијата Нерегелиа во Црна Гора, Менаџер на продажба на Нелт за Западен Балкан, до моменталната позиција Потпретседател на Нелт Група за африканските пазари.
Марко Цилиќ
Извршен директор за финансии
Марко на Нелт му се придружи 2022 година. Кариерата во областа на финансиите ја започна во компанијата Procter & Gamble, преку различни улоги во корпоративните и комерцијални финансии, вклучително и позицијата финансиски менаџер за Западен Балкан. Својата кариера ја продолжува во компанијата Novartis, преку неколку позиции со зголемена одговорност за пазарите (Србија, Словачка, Романија), поширокиот регион, CEE и Европа во седиштето на корпорацијата во Швајцарија. Дипломирал Менаџмент на Факултетот за организациони науки во Белград.
Бојана Муциќ
Извршна директорка за човекови ресурси
Бојана доаѓа во Нелт после четиринаесет години поминати на различни HR позиции во компанијата Coca-Cola Hellenic на речиси сите пазари на Западниот Балкан, а кариерата ја започнала 2005 година во компанијата Gi Group, каде работела како консултантка. Завршила мастер студии на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, на катедрата за српска книжевност.
Милан Букоровиќ
Извршен директор за информатичка технологија
Милан му се придружува на Нелт 2017 година, и денес е одговорен за управување со Информатичките технологии на сите компании на Нелт Група. Професионалното искуство го насочува кон ИТ, а со значително искуство се стекнува во Generali Oсигурување, каде напредува од позицијата Software developer до секторски директор. Дипломира на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград.
Александра Јовиќ
Извршна директорка за стратегии и трансформации
Александра му се приклучи на Нелт во 2024 година како искусен професионалец со долгогодишно искуство во водењето на дигиталните иницијативи, управувањето со податоците и аналитика, како и во ИТ операциите. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад.