Испорака

Стоката се испорачува со флота од над 450 возила со капацитет од 2,5 до 11 тони, со различни температурни режими. Сите возила се опремени  со GPS уреди, a рутирањето на  испораката за комплетната флота се врши преку софтвер за динамичко рутирање (Sky Track). Податоците за рутите за испорака се пренесуваат преку ERPa (SAP) во софтвер за складишно работење (WMS Gold) во кој понатаму се врши одвојување на стоката. Возилата за испорака  се опремени  со PDA уреди кои на доставувачите им овозможуваат детален преглед на сите параметри во врска со испораката, како што се детали на рутата, преглед на фактури, статуси на доставните задачи, навигација според планот на достава.