Кариерa

Носители на успехот на Nelt се вработените. Затоа, големо внимание се посветува на изборот и развојот на компетентни и амбициозни кадри. Долгорочната перспектива, иновативноста, личната одговорност, грижата за луѓето и победничкиот менталитет се вредности што ги препознаваме и ги негуваме како основа на организациската култура и извонредност.

Задоволството на вработените го одржуваме на високо ниво со активности и пакети кои позитивно влијаат на мотивацијата. За членовите на нашиот тим обезбедуваме стимулативна и модерна работна средина. Со цел да ги развиваат своите деловни вештини и да стекнат нови знаења, организираме предавања, обуки и работилници. Посветуваме внимание на здравствената заштита преку систематски лекарски прегледи и приватно здравствено осигурување.

Како компанија која се заснова на семејните вредности, Nelt на своите вработени им обезбедува паричен подарок при венчавка и раѓање на дете. Исто така, со желба да помогнеме во рамнотежата на приватниот и професионалниот план, на татковците по раѓањето на детето им следуваат пет дена отсуство од работа, додека на колешките на породилно отсуство, покрај целиот износ на заработка во период од дванаесет месеци, им се обезбедува и скратено работно време по враќањето. Подготвуваме пакетчиња за првиот училишен ден, додека еден ден годишно посветуваме на забава и едукација на децата на вработените во рамкте на Денот на детето.