Процес на селекција
Процесот на селекција во нашата компанија е објективен и транспарентен – пред процесот на селекција, сите кандидати добиваат информации за тоа како ќе изгледа, а по затворањето на конкурсот добиваат информација за исходот. Во зависност од позицијата, се применуваат различни пристапи кои, покрај разговор со кандидатите, можат да опфатат и тестирања, групни или индивидуални вежби. Во текот на процесот, со кандидатите соработуваат вработените од секторот за човечки ресурси, како и вработените во другите сектори, експерти во своите области на работење.
Во Нелт внимателно се слушаат потребите на кандидатите за да им се понуди работно место во согласност со нивните преференции.