Meѓународен транспорт

Долгогодишното искуство во областа на транспортот, како и референтната листа на клиенти на кои им ја обезбедува оваа услуга, го вбројува Нелт во лидерите во Југоисточна Европа. Компанијата располага со сопствени возила за превоз на стока и соработува со останатите превозници ширум регионот. На овој начин, Нелт е во можност да организира патен транспорт до било која европска дестинација што е можно побрзо. Во согласност со потребите на клиентите, меѓународниот и домашниот патен превоз на стока може да се организира како директен или колективен транспорт.

Флотата возила со која располага Нелт Групa, oвозможува да се реализираат преку 23.000 целосни товари годишно, во сите температурни и други режими на транспорт.