Нови принципали на пазарот на Косово*

Nelt avatar Nelt 09.08.2021.

Hашето Pharmaceuticals портфолио се збогати на овој пазар.

На листата со наши принципали на Косово се придружија и компаниите Pharmanova и Twistshake, со што дополнително се збогати нашето Pharmaceuticals портфолио на овој пазар.

Twistshake нуди палета производи наменети за хранење на бебиња на секоја возраст, кои се едноставни и безбедни за употреба. Асортиманот опфаќа шишиња, глодалки и цуцли, термоси, колички и бројни додатоци. Овој бренд на baby производи потекнува од Шведска и се карактеризира со модерен дизајн.

Phramanova е еден од водечките производители на фармацевтски производи во Србија кој обезбедува понуда на сигурни и препознатливи производи. Работењето го започна во близина на Белград 1991 година, а денес производите под ова име достапни се и на територијата на Црна Гора и Македонија. Мисија на компанијата е брендот Pharmanova да стане синоним за квалитет на производите, сигурното работење и компетентните луѓе.