Добредојде за генерацијата 6

Nelt avatar Nelt 09.06.2021.

Pазвојна програма „Добар старт“.

Во следните шест месеци, компанијата Nelt во Србија ќе спроведе обука за учесниците на платената развојна програма „Добар старт“.

Учениците од шестата генерација му се приклучија на тимот на Nelt на 4 јуни, и ние им посакуваме топло добредојде!
Внимателно осмислената тренинг програма под слоганот „Клучот е во добриот старт“,им отвора простор на учесниците да стекнат работно искуство во областа на продажбата. Преку шестмесечната интензивна работа со колегите, менаџерите за клучни купувачи со долгогодишно искуство, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со различните нивоа на организација на продажба, како и со должностите и одговорностите.

Програмата ќе биде завршена кон крајот на ноември.