Jавен состанок за вработените во менаџментот на Нелт Група

Nelt Group avatar Nelt Group 20.04.2018.

Беа претставени новите вредности на нашата компанија.

Вториот јавен состанок во рамките на процесот на трансформација, кој во моментов го спроведува нашата компанија, се одржа на 20. aприл во складиштето на хала 2 во ЦДЦ Добановци.

На состанокот присуствуваа вработените во менаџментот на Нелт Група, на кои им беа претставени новите вредности на нашата компанија – грижа за луѓето, победнички менталитет, иновативност, долгорочна перспектива и лична одговорност.

На колегите им се обратија Небојша Шапоњиќ и Ранко Сочанац, основачи на Нелт, Милош Јелиќ, генерален директор на Нелт Група и Ненад Љубојевиќ, менаџер за подобрување на организациското здравје.