Нелт отвори нова хала за складирање во Источно Сараево

Nelt avatar Nelt 11.10.2019.

Новата хала за складирање на компанијата Nelt д.o.o. официјално е отворена на 10 октомври.

Новата хала за складирање на компанијата Nelt д.o.o. официјално е отворена на 10 октомври во Источно Сараево. На свеченото отворање присуствуваа околу 200 гости.

 

Со оваа инвестиција од 4 милиони евра, вложени во новата хала за складирање, инфраструктурата на компанијата во Босна и Херцеговина сега составена е од 3.400 m2 канцелариски простор и од преку 11.000 m2 простор за складирање во амбиентален, ладен и замрзнат режим.

 

„Инвестирањето во нови капацитети е резултат на органскиот пораст на компанијата и потребата на пазарот и на нашите клиенти“, рече Горан Церовина, извршен директор на Nelt на пазарот на Босна и Херцеговина.

 

Во последниве две години компанијата Nelt д.o.o. вработи 40 нови вработени и оствари пораст на приходите за 28%. Со проектирани нето приходи од речиси 110 милиони евра, ова е уште една успешна деловна година за Nelt. Ова е поткрепено со фактот дека во 2019 година 2019. Nelt д.o.o. е прогласен за еден од топ 3 најпосакуваните работодавачи во секторот дистрибуција во БиХ во рамките на традиционалното истражување на посетителите на порталот Posao.ba, a добитник е и на престижната регионална награда „Sarajevo Business Bridge Awards 2019” во категоријата „Business of the Year”.