Безбедната храна ги засега сите

Nelt avatar Nelt 01.07.2021.

Аутор: Данијела Драгиќ, Quality Specialist Nelt Group

Колку пати сме имале болки во стомакот или гадење, а да сме помислиле: „Сигурно сум јадел/а нешто лошо“?

Честопати не сме ни свесни дека тоа што го јадеме и пиеме е многу важно, и тоа не само во однос на хранливиот состав, туку и на безбедноста на здравјето.

Во 21 век, кога на планетата живеат околу 7,7 милијарди луѓе, голем предизвик е да се произведе доволно количество на здравствено безбедна храна.

Tој предизвик го препознаа експертите од областа на прехранбената индустрија уште во 60-те, и на нивна иницијатива Светската здравствена организација (WHO) и Организацијата за храна и земјоделство (FAO) oсноваа Codex Alimentarius Commision (збир на меѓународни стандарди и упатства за храна кои обезбедуваат безбедност и квалитет).

За важноста на основањето на Codex Alimentarius најдобро сведочи резолуцијата на Генералното Собрание на Обединетите Нации од 1985 година, каде што храната е идентификувана како еден од трите приоритети кои се од суштинско значење за здравјето на луѓето и во ова светло особено нагласува дека Codex Alimentarius е основна референтна точка за безбедноста на храната.

Codex Alimentarius Commision го препорачува HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Point) како систем кој треба да обезбеди безбедност на храната за исхрана на луѓето, преку дефинирање и воспоставување контрола врз критичните контролни точки во процесот „Од поле до трпеза“.

Првите почетоци на системот HACCP се поврзани со развојот на храна за астронаутите во рамките на американската вселенска програма. Целта на проектот била да се произведе целосно безбедна храна за астронаутите, без присуство на патогени микроорганизми или нивни токсини.

Денес, системот HACCP е меѓународно признат систем за безбедност на храна што го применуваат сите прехранбени индустрии, но и сите оние кои се наоѓаат во споменатиот синџир.

Денес се проценува дека 600 милиони луѓе во светот, речиси 1 од 10, се разболуваат по јадење на контаминирана храна, а 420 000 од нив умираат секоја година.

Nelt, како водечки дистрибутивен центар на Западниот Балкан, го препозна своето место во синџирот за снабдување со храна и во согласност со тоа го имплементираше и сертифицираше меѓународно признатиот HACCP систем за контрола и безбедност на храната. Секојдневно имаме одговорност кон своите клиенти но и кон крајните потрошувачи суровините за прехранбената индустрија и финалните прехранбени производи да ги складираме, транспортираме и дистрибуираме на адекватен начин како би обезбедиле безбедност на храната до крајниот потрошувач.

Безбедноста на храната не е само нешто што се однесува на производителот на храна и не почнува и завршува во прехранбената индустрија. Безбедноста на храната е важен секојдневен аспект, токму затоа што консумираме храна секој ден. Секојдневната рутина, која се состои од, на пример, миење раце пред манипулација со храна, ја подобрува нејзината безбедност. Важно е сите ние кои се наоѓаме во синџирот на производство, преработка, дистрибуција, но и како крајни потрошувачи да ја разбереме потребата да се почитуваат основните принципи на безбедност на храната со цел да се предупреди и спречи труење со храна или, во краен случај, смрт на луѓето.

Безбедноста на храната се однесува на сите нас кои сме потрошувачи на храна и имаме основно човеково право за пристап до здрава и безбедна храна. Затоа, ние во Nelt продолжуваме секојдневно да работиме на одржување и подобрување на нашиот систем за безбедност на храна.