“Magazzin” на албански јазик собира позитивни критики

Nelt Group avatar Nelt Group 06.12.2020.

Наменет за вработените од Тирана и Липљане.

Специјалното издание на интерниот часопис на Nelt Групата кое е објавено на албански јазик, собира позитивни критики од колешките и колегите.

Наменет за вработените од Тирана и Липљане, специјалниот Magazzin е преведен на албански јазик и е објавен на 24 страници.

„Исклучително ја почитувам посветеноста на колешките и колегите од седиштето на Nelt во Србија да ги интегрираат сите компании кои ја прават Групата во еден кохерентен систем. Го поддржувам преведувањето на Magazzin на локалните јазици на пазарите на кои работи Nelt, вклучувајќи ја и Албанија”, рече Клеила Хавари (Klelia Havari), HR & Legal Supervisor во AlbanCorp.