Успешно започна Дигиталната испорака

Nelt logistics avatar Nelt logistics 11.05.2021.

Новиот модел за брза и едноставна размена на податоци со купувачите.

Со цел подобрување на комуникацијата и размената на документи со купувачите, во Nelt во минатата година го започнавме проектот дигитализација на испорака. После година дена посветена работа, Дигиталната испорака успешно стартуваше овој мај.

Во првата фаза, новиот модел за брза и едноставна размена на податоци со купувачите ќе се применува само на Србија, со тенденција за проширување на регионот во следниот период.

На овој начин значително се автоматизирани нашите логистички процеси, со постепено повлекување од употреба на документите во хартиена форма, како би можеле во иднина, како краен резултат, да користиме исклучиво дигитална документација. На долгорочен план, ги зајакнуваме односите со принципалите, клиентите и купувачите, овозможувајќи им побрзо, потранспарентно и поточно следење на податоците за нивното работење со Nelt, преку порталот ,,Track аnd Trace“.