SPIN 21 благодарница за поддршка на настан

Nelt logistics avatar Nelt logistics 10.11.2021.

Благодарницата му е доделена на Ненад Ракочевиќ, менаџер за подобрување на операциите на Нелт Група.

Овогодинешниот Состанок на бизнисмени и научници  (SPIN), се одржа на 8 и 9 ноември во просториите на Стопанската комора на Србија на тема „Индустрија 4.0 – можности, предизвици и решенија за дигитална трансформација на економијата“.

Настанот беше одлична можност присутните да разменат идеи, знења, искуства и претстави за можностите и решенијата кои ги обезбедува Индустрија 4.0 за дигитална трансформација на домашната економија.

Еден од учесниците беше Ненад Ракочевиќ, менаџер за подобрување на операциите на Нелт Група. Тој го претстави Нелтовиот проект Дигитална испорака кој започна во мај после една година подготовки, со цел подобрување на комуникацијата и размената на документација со купувачите.