Србија и Нелт ми го вратија чувство на припадност

Nelt logistics avatar Nelt logistics 09.03.2021.

Ненад Ракочевиќ, менаџер за оперативна извонредност на Nelt Група

Ненад Ракочевиќ е дел од тимот на Nelt повеќе од шест години, но не постојано. Неговата прва позиција во нашата компанија беше супервизор на транспорт, 2003 година. Meѓутоа, набрзо се пресели во Канада каде помина единаесет возбудливи години. Кога победи носталгијата, знаеше каде сака да се врати.    
Како менаџер за оперативна извонредност на Nelt Групата, денес се наоѓаш на многу одговорна позиција. Кога ќе погледнеш наназад, како изгледаше твојот кариерен пат до сега

Верувам дека секој треба трпеливо да го исчека моментот кога ќе блесне во својата работа, и нормално, кога ќе напредува. Во Nelt започнав на позицијата супервизор на транспорт и бев задолжен за организација на возниот парк, одржување на флотата, како и за организација на меѓународниот транспорт. Кон почетокот на 2000, Nelt растеше со неверојатна брзина, па благодарение на деловните околности ми се укажа можноста да го водам секторот за логистика каде што ја прифатив одговорноста за процесите складирање, транспорт и достава. Од позицијата менаџер на логистика си заминав од Nelt.

Со семејството се преселив во Канада каде што работев во компанијата Johnson & Johnson. Имав можност своето знаење за синџирот со снабдување дополнително да го унапредам на различни позиции во областите како што се планирање на залихи и производство, управување со проекти, сервис на купувачи, набавка (Procurement & Sourcing) и воопштено, во дистрибутивното работење во дивизиите за производи за широка потрошувачка и медицински уреди на оваа компанија.

Сепак, по десет години, посакав да се вратам во татковината.

 

Што те наведе да се вратиш во Србија?

Јас и моето семејство долго време размислувавме за враќањето. Немаше посебна причина за тоа освен носталгијата и желбата нашите деца да растат на овие простори.

 

Како реагираа колегите од Nelt на веста за твоето враќање?

За време на мојот престој во Канада, одржував контакти со пријателите и колегите од Nelt. Со себе го носев чувството на задоволство што сум дел од нешто големо и посебно. Во моментот на одлука, тоа преовладуваше и јас се вратив во тимот на Nelt. Nelt денс изгледа сосема поинаку во однос на тоа што го оставив зад себе. Компанијата е вистински лидер и сите ние треба да бидеме горди на тој факт.

 

Според тебе, што го прави Nelt посебен

Хипотетички, кога Nelt ваков каков што е, би се појавил на канадскиот пазар, би бил меѓу првите пет логистички компании. Тоа е пораката која сакам да им ја испратам на сите колеги на кои во секој момент им се дава можност да ги покажат своите лидерски способности и нашата компанија да ја направат уште поуспешна. Компанијата не може да биде лидер во својата индустрија доколку и сите вработени не размислуваат и не дејствуваат како лидери. Големите системи обично се оптоварени со неопходни бирократски механизми со цел контрола на ускладеност на работењето и ризикот, но подготвеноста на лидерите агилно да дејствуваат е тоа што таквите системи ги прави ефикасни. Покрај тоа, важно е како ги негуваме нашите вредности – лична одговорност, победнички менталитет, иновативност, грижа за луѓето и долгорочна перспективa.

Имаше многу ситуации кои, преку јасно искажана лојалност на компанијата, Nelt го направија ова што е денес. Јас сета сила и ентузијазам на луѓето во Nelt ги почувствував во периодот кога фирмата работеше на првобитната локација, во Пристаништето Белград. Се сеќавам, се подготвувавме за преселување во Добановце, што е проект кој не се случува често во кариерата, а во повеќето случаи речиси никогаш. Физичкото преселување предвидуваше 30 часа активна работа и беше успешно реализирано исклучиво благодарение на експертизата и кредибилитетот на луѓето кои учествуваа, како и на инклузивноста и постојаната колаборација која не би била успешна кога не би била во духот на отворената комуникација и меѓусебна доверба. Според мене, тоа е вистинскиот и единствен пристап која ја прави компанијата стабилна.

 

Како го гледаш Nelt во следниве 5 години?

Денес, повеќе од кога било до сега, пазарот брзо се менува. Одлуките кои го донесуваат компаниите мора да држат чекор со сите промени, како би се обезбедила натпреварувачката предност. Сметам дека Nelt мора уште многу повеќе да инвестира во синџирот на снабдување, и преку развој на секој поединец да овозможи постојано подобрување на деловните процеси. Покрај персоналот, инвестирањето во новите технологии е особено важно како би се подобриле безбедноста, транспарентноста и E2E деловниот континуитет, a со самото тоа, би се спречиле возможните „трошења“. Со други зборови, Nelt ќе мора да продолжи дигитално да се трансформира, а тоа е и сржта на модерната развојна стратегија.

 

Во согласност со брзите промени на пазарот, на кој начин се трансформира синџирот за снабдување?

Реланост е дека синџирот за снабдување е нова продажба кога зборуваме за дистрибутивно и LSP (3PL) работење, со оглед на тоа што во денешно време не се натпреваруваат компаниите туку Supply Chain организациите. Ситуацијата со Ковид -19 дополнително го потврди тој факт. Навиките на крајните потрошувачи се менуваат, а со самото тоа и купувачите/клиентите и принципалите ја диктираат насоката во која ефикасните синџири за снабдување мора да се развиваат. Веќе гледаме примери каде организациите се оддалечуваат од линеарните и крути синџири за снабдување и повеќе гравитираат кон прилагодливите (микро) синџири за снабдување, со скратено време за испорака, полесна достапност на стоката, без големи залихи и со фокус на испорака до крајните потрошувачи (last-miile). Денес крајните потрошувачи ја сакаат стоката истиот ден, што доведе до „eксплозија“ e-commerce oпкружување што драстично го менува целокупниот екосистем на синџирот за снабдување.

Во тоа треба да ја бараме нашата шанса – да диверзифицираме портфолио (стока и услуги) и преку масовни трансакции максимално да ги запослиме сите наши капацитети. Moраме да разбереме кои се нашите клиенти и што конкретно ѝ носат на нашата организација во контекст на профитабилност, а дигитализацијата на финансиските процеси и улоги на CRM секторот е клучна во овој процес.

 

Во што ја наоѓаш професионалната мотивација?

Oд моментот кога го препознав синџирот за снабдување како област во која сакам да се развивам, кариерата секогаш ме наоѓаше мене, а не јас неа. Мојата примарна цел отсекогаш беше да учам, а потоа со личните резултати да придонесам за успехот на компанијата.