Победниците на акцијата „Пофали го колегата“ во Србија

Nelt Group avatar Nelt Group 12.02.2020.

Новата година донесе и нов рекорд.

На овогодинешниот Јавен состанок на вработените во Nelt во Србија, кој се одржа на 6 февруари, беа прогласени победниците на акцијата „Пофали го колегата“ за 2019 година.

Како и минатата година, колегите беа повикани да напишат пофалби согласно компаниските вредности и однесувањата кои ги препознаваат кај своите најблиски соработници. Новата година донесе и нов рекорд. На ниво на Групата пристигнаа преку 3.300 пофалби, речиси 1.500 повеќе во однос на минатата година. Само во Србија, бројот на испратени пофалби изнесува дури 2.000!

Колегата кој доби најмногу пофалби во текот на оваа акција и кој од сега ја носи титулата „Нај колега за 2019-та година“ е Зоран Шушa. Зоран работи 9 години во складирање во Добановци. Колегите го препознаваат по доброто расположение, ведриот дух, пријатната соработка и одличните резултати.

„Драго ни е што го препознавате значењето на оваа акција, што сакате со пофалбите да ги израдувате своите колеги и што сфаќате колку е важно да им се посветите на убавите моменти во работата со нив“, истакнаа Вања Поповиќ и Милица Павловиќ, по повод завршувањето на овогодинешниот циклус.

Прекрасно е чувството кога ќе те пофалат колегите од твојот тим, но посебно е кога тоа го прават колегите од бројните други сектори. На Ана Штрбац ѝ честитаме за најмногубројните пофалби од различните организациски единици! Ана веќе 4 години работи во секторот финансии.

Колегата Aлександар Савиќ од складирање во Нови Сад, ја доби специјалната награда за Нај колега од регионалните центри. Александар е вработен во Nelt 12 години.

Ние се стремиме да ги претставиме вредностите на компанијата во вистинското светло. Поради тоа наградите за покажаната вредност ни се особено важни. Милан Даниловиќ, тим лидер на анализа на продажба во Nelt работи 3 години и ја доби специјалната награда за Иновативност, а колегата Александар Јовановиќ, диспечер за достава од Белград, за покажаната Грижа за луѓето! Aлександар веќе 8 години е член на тимот на Nelt.

Tим крос док во Ваљево функционира како големо семејство, колегите меѓусебно си помагаат, и се фалат секогаш кога имаат причина за тоа. Специјалната награда за промоција на тимскиот дух врачена му е на нивниот тим лидер, Владимир Обрадовиќ. Владе работи во Nelt речиси 7 години.

Секогаш многу се радуваме кога ќе ни пристигне пофалба во која е вложена дополнителна креативност. Авторот на најинтересните пофалби, Никола Савиќ, од дивизијата P&G, ја добива специјалната награда за оригиналност. Никола е веќе 6 години вработен во Nelt.

Oд минатата година ја користиме апликацијата PULS, преку која на колегите можеме да им даваме оценки и коментари на однесувањето. Затоа не смеевме да ја пропуштиме можноста да доделиме и специјална награда за колегата кој имаше најдобри оценки и најквалитетни коментари до сега, и на тој начин ги промовираше културата на пофалби и апликацијата помеѓу своите колеги. Му честитаме на Ненад Стојановиќ! Ненад во Nelt работи 5 години, и во моментов, тој е во секторот продажба.

Во компанијата на Нелт, Јавна Складишта Суботица, специјална награда му беше доделена на колегата Сања Матијевиќ.