Нај колеги во Босна и Херцеговина за 2019 година

Nelt Group avatar Nelt Group 24.01.2020.

Hа ниво на Nelt Група пристигнаа преку 3.300 пофалби.

Првите вести за победниците на акцијата „Пофали го колегата“ која се одржа во ноември и декември, ни пристигнуваат од Босна и Херцеговина, каде што се наградени тројцата најдобри.

 

Вработените во Nelt во Босна и Херцеговина, a особено во Источно Сараево, вредно се фалеа едни со други и вкупно напишаа преку 500 пофалби! По пребројувањето на резултатите, како Нај колега за 2019, се истакна Никола Јововиќ, магацински работник.

 

Доделени се и две специјални награди.

 

Oља Лојовиќ, главен консултант за логистика на SAP центарот за експертиза, работи во Nelt 10 години, a поради моменталните задолженија воглавно е фокусирана на соработка со Nelt во Србија. Добитничка е на специјалната награда за придонес во организациската култура за најмногу пофалби од различни пазари.

 

Mуамер Мелез, супервизор на планирање, анализи и надворешно-трговинско работење, најмногу пофалби им упати на  другите, пополнувајќи дури 40 лифлети! Поради тоа, токму тој ја доби Специјалната награда за истакната промоција на култура на пофалби.

 

Aкцијата „Пофали го колегата“ оствари нов рекорд – на ниво на Nelt Група пристигнаа преку 3.300 пофалби.