Лична одговорност при селекција и регрутација

Nelt avatar Nelt 26.11.2020.

Аутор: Mарија Миниќ, Selection and Recruitment Assistant at Nelt Co

Променетите околности се нова реалност. Кризната состојба не ни се случила, туку ни се случи. Таа не се случи во еден или два ненадејни потега, туку има континуиран карактер и ја претвора во изменета реалност. Тоа што го бара изменетата реалност е променет пристап во секоја од нејзините сфери.

Корпоративните вредности, како јадро на корпоративната култура, ги претставуваат оние квалитети за кои веруваме дека ги имаат сите наши вработени. Вредноста која е особено важна во овој период е личната одговорност. Моделот на однесување на Nelt Групата во рамките на вредноста на личната одговорност ја истакнува грижата за сопствената безбедност и за безбедноста на своите колеги, што во овој период е пожелна вредност која јасно ги надминува рамките на нашата корпоративна култура, во која безбедноста на вработените е приоритетна цел.

Како тимот за селекција и регрутација ги измени своите процеси во рамките на новите околности, а во согласност со вредностите и културата на компанијата Nelt?

Голем дел од своите активности пренасочивме на онлајн активностите. Во рамките на самото екстерно огласување на Infostud платформата, ја користиме опцијата за означување дека разговорите ги вршиме преку онлајн, со што ѝ покажуваме и на екстерната целна јавност дека се грижиме за безбедноста и здравјето, не само на вработените, туку и на потенцијално вработените во Nelt. Oд почетокот на вонредната ситуација, разговорите ги одржуваме онлајн, преку различни платформи (Microsoft Teams, Viber), преку кои организираме видео повици. На самиот почеток на овој нов начин на водење на разговори се соочивме со голем број на прашања кои си ги поставуваме. Колку ќе влијае новиот начин на квалитетот на извршената работа, односно, колку ќе бидат квалитетни нашите проценки на кандидатите кои имаме можност да ги видиме онлајн, а не традиционално во живо? Како ќе изгледа самиот разговор? Како ќе го прифатат кандидатите новиот начин на разговор за работа? Од досегашното искуство се покажа дека овој начин на организирање на интервју не го загрози ниту пак го доведе во прашање квалитетот на кандидатите кои се вработуваа во периодот од почетокот на вонредната состојба. Тоа што се покажа како олеснителна ставка во овие тешки услови, за која можеме да размислуваме како потенцијална редовна активност, е дека е полесно да се договори терминот за интервју со кандидатите. Причината е што времето кое го трошат на разговор е многу помало од она кое би им било потребно да дојдат во живо. Исто така, од овој нов начин на водење на интервјуа се изродија и нови критериуми, кои ни помагаат да процениме каков впечаток кандидатите оставиле на нас: начинот на кој се претставуваат себеси преку уредот кој го користат за интервју, начинот на кој обезбедиле или не обезбедиле приватност за разговор, дали се наоѓаат во опкружување кое им обезбедило концентрација за разговор. Овие нови критериуми можат да ни кажат за тоа колку сериозно го сфатиле интервјуто за работа кандидатите.

Во врска со активностите во рамките на привлекувањето на вработени и промовирање на компанијата како посакуван работодавач, се соочивме со ситуацијата сите настани поврзани со студентските саеми и планирани настани на факултетите да бидат откажани. Некои од нашите соработници, организатори на настани Belgrade Youth Fair, ѝ се прилагодија на новосоздадената ситуација и сфаќајќи дека за време на вонредната состојба наголемиот дел од настаните се префрлија на онлајн платформите, ни предложија да учествуваме во онлајн кампањите во текот на април, мај и јуни, додека самиот настан во моментов префрлен е за крајот на октомври. Во рамките на онлајн кампањата имавме можност преку видео материјал да одговараме на прашањата од студентите кои ги поставуваа преку Instagram, како и да им даваме совети во врска со кариерата, што ги замени гостувањата во живо и дружењата со нив на факултетите. Студентите исто така убаво реагираа и на овој вид на промоција на компанијата.

Тоа што го научивме од своето искуство во рамките на променетите околности на редовните процеси е дека тие не значат задолжително губење на квалитетот. Промената, дури и кога е наметната со стекнување на неповолни околности, може да донесе со себе придобивки за кои не сме ни знаеле дека се можни.