Моќта на зборовите

Nelt avatar Nelt 17.12.2021.

Аутор: Ана Павловиќ, Internal Communications Specialist Nelt Group

Колку вреди зборот? Одговорете сами.

Јасно е дека компанијата комуницира со јавноста, со клиентите и партнерите, но од каде доаѓа и интерната комуникација? Компанијата разговара сама со себе? Вработените меѓусебно комуницираат? Тоа сигурно го знаат и без некој лекар специјалист. Ако се производството, дистрибуцијата, продажбата, логистиката конкретни работи кои носат видливи резултати, дали тоа значи дека комникациските занимања се апстракција? Јас сум секојдневно во производството. Произведувам зборови. Не е комплицирано. Како што знаете, денес, со компјутерите тоа оди лесно. Внесувам збор, составувам реченица, нешто ќе препишам, нешто  ќе измислам и ете текст од никаде. Суровините во вид на информации, идеи и знаења воглавно ги чувам во сопствената меморија, компјутерската меморија или во тетратка, па не морам да се оптоварувам со складирање во специјални режими. Колку е неописливо едноставен процесот.

Сепак, тоа е само почеток. Лесно е да се произведе, но не е лесно да се продаде. Зборот како и кој било друг производ (освен Plazmа можеби) никогаш не е ист за секого. Затоа им се прилагодува на различни целни групи. Некогаш е формален и стратешки, некогаш е модерен и младешки, некогаш е едноставен, некогаш е сложен, некогаш е домашен, некогаш странски. Некогаш е сериозен, а некогаш едноставно полетен.

А потоа, тука е и пакувањето. Необработениот текст во word е како бонбона во обичен целофан. Но, ако го спакувате, украсите, обоите, персонализирате, му давате нова вредност. Често ми се случува повеќе време да трошам на пакувањето отколку на производството.

Му благодарам на универзумот на VAS (CONOPS) услугите затоа што модифицираните, промотивни, комбинирани и здружени пакувања зборови понекогаш сосема ја менуваат нивната смисла. И јас комбинирам, лепам, украсувам и здружувам.

Мојот збор патува по не толку конвенционални рути. Низ просторот и времето. Преку видливи и невидливи канали. Коридори, скали, улици, магистрални патишта, автопати. Преминува гранични премини. Имам голема среќа што кога ќе го испратам зборот, не морам да следам извозни процедури, немам допир со царинење и не ме допираат сложените ковид транспортни мерки.

Колку вреди зборот? Одговорете сами. Колку пати сте прочитале, разбрале, колку пати сте замислиле, внесле? Колку пати сте се израдувале, насмеале? Колку пати сте погодиле, а колку пати не сте можеле ни да претпоставите дека јас сум го напишала тој збор? Колку пати сте го повториле тој збор, сте го пренеле, дополниле, сте размислувале за него, сте го искористиле како појдовна точка за некои ваши размислувања, пораки, цели, проекти.

Мило ми е што имам можност да учествувам во производството, синџирот на снабдување и дистрибуција на зборови во Нелт Група. Мило ми е што зборовите денес неколку пати на ден успешно патуваат од Добановци до Мапуто. Мило ми е што дистрибуцијата на зборови стана важна како и дистрибуцијата на стоки. Мило ми е што зборот игра важна улога во секој наш ден, кога седиме заедно или кога сме со километри оддалечени.