Студентите од Економскиот факултет во посета

Nelt avatar Nelt 17.05.2019.

Во рамки на стратешката соработка на компанијата Нелт и Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, студентите од насоката Трговски менаџмент на 17 мај го посетија Централниот дистрибутивно-логистички центар на компанијата во Добановци.

Марко Миланковиќ, менаџер на секторот за комуникации на групација Нелт, ги запозна студентите со компанијата, организациската култура, вредностите и акциите кои се спроведуваат со цел нивно промовирање и со новиот визуелен идентитет на компанијата, со CSR активностите и известувањето за одржливо работење. Михајло Стикиќ, од D Way, ја претстави компанијата D Way и плановите за развој. Милица Достаниќ од тимот за регрутација и селекција на Нелт подготви совети кои на студентите можат да им користат во текот на подготовката за интервју за работа. Исто така, тие дознаа кои се вистините, а кои заблудите кои ги следат процесите на селекција. Им беше претставена програмата Добар старт, а Павле Станковиќ, некогашен учесник во програмата, ги сподели своите искуства во компанијата Нелт.

Во посета на магацинот студентите ги поведе Владимир Ѓурановиќ, асистент за складиштење. Тој на нашите гости им ги претстави применетите нови технологии, процесите на работа и патот на стоката до купувачот.