CSR форум „На пат кон одржливост“

Nelt pharma avatar Nelt pharma 30.11.2021.

Mиленко Рибиќ, менаџер на операцијата Nelt Pharmaceuticals, на панел.

Mиленко Рибиќ, менаџер на операцијата Nelt Pharmaceuticals, ја претстави кампањата на Нелт на овогодинешниот CSR форумНа пат кон одржливост“, кој се одржува од 22-26 ноември.

Mиленко на панелот „Со стратегија до одржливост – од CSR до ESG политики“ ги претстави клучните аспекти за одржливо работење на нашата компанија со осврт на грижата за луѓето и поддршка на локалната заедница.

„Oдржливоста на работењето е една од нашите клучни стратешки цели. Со сестраност на работењето, новите технологии и афирмации на вработените, фокусирани сме на темите и проектите кои долгорочно ќе остават позитивен траг, како во нашата организација, така и во пошироката заедница, рече Рибиќ.