Nelt Group донираше 240.000 eвра за борба против корона вирусот

Nelt Group avatar Nelt Group 31.03.2020.

„Ние им испраќаме целосна поддршка на медицинските работници.”

Компанијата Nelt донираше 240.000 eвра во Републичкиот фонд за здравствено осигурување за набавка на 10 респиратори за лекување на најтешките форми на болеста Covid 19, додека Neoplanta, која работи во составот на Nelt Групата подари стока во вредност од 6.000.000 динари, како дел од пакетот за акција помош зa 173.000 Белграѓани постари од 65 години кои се со најниски пензии.

Една од нашите најуспешни приватни компании одговори на поканата од Стопанската комора на Србија и на нејзиниот претседател Марко Чадеж, и покажа солидарност во овие тешки денови исполнети со предизвици, како за нашата земја, така и за целиот свет.

„Ние им испраќаме целосна поддршка на медицинските работници во борбата против вирусот и ја почитуваме нивната посветеност со која се борат со пандемијата. Донацијата која им ја упативме е нашиот придонес за нивната посветеност, како и на сите граѓани на кои им е потребно, за да можеме сите заедно, како победници, да излеземе од оваа ситуација“, наведе Милош Јелиќ, извршен директор на Nelt Групата.

Во компанијата истакнуваат дека ова е oдлична можност да се споменат и сите оние прекрасни луѓе кои работат во доменот на дистрибуцијата и логистиката – доставувачи, работници во магацини, продавачи, излагачи на стока, возачи и многу други. Секој кој дава личен придонес во функционирањето на целиот систем за време на вонредна ситуација не смее да се заборави и мора да биде пофален.

Претседателот на СКС изрази голема благодарност и до сите компании кои учествуваа во акцијата на Стопанската комора на Србија и Град Белград за обезбедување на пакети за пензионери, како и до сите стопанственици кои уплатија пари преку сметки за други потреби и ја повика економијата да продолжи да ја покажува својата солидарност на дело.