Nelt подарува 30.000 мини пакувања на Sebamed baby сапуните

Nelt pharma avatar Nelt pharma 14.04.2020.

Зошто е миењето на рацете од исклучителна важност?

Колешката Александра Кнежевиќ објаснува зошто е миењето на рацете од исклучителна важност во борбата против пандемијата на вирусот COVID-19. Александра е магистер по фармација и во моментов е вработена во маркетинг секторот на Нелтовата Pharmaceuitcals дивизија.

Која е заштитната улога на кожата?

Нашата кожа претставува природна заштитна бариера која помеѓу другото го спречува навлегувањето на микроорганизмите од надворешната средина. Таа не заштитува идеално доколку е целосно сочувана (интактна) и нема ранички и оштетувања на својата површина. Благодарение на честите препораки од стручните лица станавме свесни дека правилната и честа хигиена на рацете е една од важните мерки за одржување на здравјето за време на пандемијата COVID – 19.

Зошто е сапунот толку корисен во порбата против COVID-19?

Teнзидите (во народот познато и како цврсти и течни сапуни) претставуваат супстанци кои за себе врзуваат масти, ги емулгираат, односно ги мешаат со вода и овозможуваат нечистотиите и маснотиите од рацете да се исчистат. Во обвивката на вирусот се наоѓаат масти кои се врзуваат под дејство на сапунот и заедно со водата се измиваат од површината на кожата. Oва е начин на кој зачестената хигиена на рацете, особено веднаш после контакт, допирање на површини, кивање или кашлање не чува од ширење и внес на инфекција во организмот.

Каков е ефектот на сапунот на површината на нашата кожа?

Покрај ефектот во спречување на ширење на инфекцијата, базните сапуни поради честата употреба ја нарушуваат природната заштитна обвивка на нашата кожа и нејзината природна pH вредноат 5.5 поради што доаѓа до сушење на кожата, иритација, црвенило и појава на контактен екцем. Кожата на која ѝ е нарушена заштитната обвивка, склона е кон пукање, па можат да се направат ранички кои претставуваат пат за влез на штетните микроорганизми.

Sebamed Baby и Classic сапуните pH 5.5 идеални се за често одржување на хигиена на рацете, затоа што адекватно ја чистат кожата без иритации и сушење, ги чуваат нејзината природна pH 5.5 и заштитната хидро-липидна обвивка. Заедно со адекватните креми за нега нашата кожа ја чуваат здрава, за да може и понатаму да не чува од инфекции.

Со желба на нашите граѓани да им овозможиме решение и адекватна хигиена на рацете, компанијата Nelt започна национална кампања во која подарува 30.000 мини пакувања на Sebamed baby сапуните за купувачите во аптеките dr Max и Benu како би можела на адекватен начин, следејќи ги препораките на стручните лица, да направи сè за да бидеме одговорни кон себе и да вложиме максимален напор за да ги заштитиме оние кои ги сакаме.