Nelt ги зголеми капацитетите на Интермодален терминал

Nelt logistics avatar Nelt logistics 23.09.2021.

Kомпанијата значително ги зголеми оперативноста и ефективноста на своите операции.

Нашата компанија во Србија инвестираше два милиони евра во зголемување на капацитетите на интермодалниот терминал во Добановци, чија употребна површина е проширена на 30.000 m². Унапредувањата отворија можност за прием и одлагање на 1.500 полни и 5.000 празни контејнери. Со купување на вториот Reach Stacker за манипулација со контејнерите, компанијата значително ги зголеми оперативноста и ефективноста на своите операции.

„Благодарение на одличната локација, ефикасните процеси и технички и технолошки предности, нашиот терминал е препознаен како логистички хаб на Балканот. Со последната инвестиција од два милиони евра ги зголемивме капацитетите како би им обезбедиле оптимална услуга на своите клиенти“, истакна Вук Мијановиќ, менаџер на синџирот за снабдување на компанијата Nelt.

Во моментов, терминалот на компанијата Nelt со редовни, неделни линии поврзан е со пристаништата Ријека, Бара и Пиреј. Од почетокот на работата во  2016 година, расте интензитетот на интермодалните текови, а компанијата оствари партнерства со водечките светски поморски и транспортни компании како што се Cosco, CMA-CGM, Maersk, итн.

За време на Саемот за сообраќајни и железнички технологии во регионот (South East Europe Mobility 2021), заинтересираните излагачи и посетители од странство го посетија деловниот комплекс на Nelt во Добановци и се запознаа со логистичките капацитети на компанијата.

Вук Мијановиќ, менаџер на синџирот за снабдување на компанијата Nelt