Донација на BELhospice центарот

Nelt avatar Nelt 19.08.2021.

Производи за одржување на хигиена од портфолиото на Nelt донирани во BELhospice.

Со донацијата производи за одржување на хигиена, нашата компанија ги поддржа напорите на BELhospice центарот да им помогне и да ги зајакне онколошките пациенти и членовите на нивните семејства.

Nelt издвои илјада и двеста производи од своето портфолио, како прашок за алишта, омекнувачи, антибактериски сапуни, пелени за возрасни, детегенти за садови и шампони, и ги испорача во BELhospice центарот во Белград. Во следните денови, производите ќе бидат распоредени и доставени кај стотина семејства.

BELhospice е првата специјализирана добротворна оргнизација во Србија која е посветена на подобрување на квалитетот на животот на пациентите со малигни болести. Meдицинскиот тим обезбедува палијативно згрижување, активна и сеопфатна грижа за пациентите кои боледуваат од тешки и неизлачливи болести, што подразбира контрола на симптомите, како и психолошка, социјална и духовна поддршка.