Нова стратегија за општествена одговорност – Студенти по вајарство во Нелт

Nelt avatar Nelt 10.09.2012.

Нелт по повод обележувањето на 20 години од постоењето, одлучи да започне нова, долгорочна стратегија.

Компанијата Нелт по повод обележувањето на 20 години од постоењето, одлучи да започне нова, долгорочна стратегија на активности во областа на општествената одговорност.

Согледувајќи ја стратешката важност и неопходност од образованието за нашата земја, а имајќи ги предвид реалните услови во кои се наоѓаме како општество, решивме преку осмислување, финансирање и имплементација на различни образовни проекти, да ја покажеме нашата силна посветеност за модернизација, напредок и подобрување на средината во која постоиме и работиме.

Обезбедувајќи нови можности за најталентираните ученици и студенти, ќе им помогнеме на најдобрите, на оние кои во иднина ќе бидат носители на промените и напредокот во нашата земја.

Во соработка со Факултетот за применети уметности, 10 студенти ќе ни бидат гости следниот месец и ќе ги издлабат своите први скулптури од камен во импровизираното ателје.